Храмот "Лотос"

Делхи, Индија

Храмот "Лотос" е изграден во Делхи. Индија во 1986 г. и претставува бахајска куќа за поклонение и е отворен за сите, независно од нивната религија. Проектот на Бахајскиот молитвен дом е инспириран од лотосот - исклучително убаво цвеќе, симбол на убавината, кое е неразделно сврзано со обожавањето во Индија. Храмот се наоѓа меѓу девет водни басени, кои не само што ја истакнуваат убавината на зградата, но и играат значителна улога во природниот систем на молитвената сала. Заедничкото за сите Бахајски молитвени домови е, дека тие сите се со девет страни. Девет е најголемиот едноцифрен број и симболизира сеопфатност, едногласност и едниство. Во Лотоскиот молитвен дом се читаат или рецитира Светото Писмо на Бахајската вера по предварително подготвена програма. Гостите се канат да се потопат во размислување и да се молат молчаливо. Во молитвената сала не се дозволени ниту раскажувања, ниту ритуални церемонии.

Екскурзии и одмори до Индија »