Црквата „Санта Марија дела Катена“ е градена во периодот 1490-1520 г. по проект на Матеј Карнивали. Црквата е реставрирана и денес го краси јужниот крај на централната улица на Палермо. Нејзиното име буквално значи „Девица Марија со веригата“, кое доаѓа од едната висечка верига на ѕидот (catena – ит.), која е користена во минатото од блиското пристаниште Кала.
Стилот на зградата е мешавина од касна Ренесансна и готска архитектура. Интериорот и' е првенствено касноготски и вклучува уметнички дела како платното
„Рождество Христово со Поклонението на пастирите“ од непознат мајстор (17 век.), релјеф од 16 век, дело на Винченцо и Антонело Гадини, кои ги изработиле и декорациите на влезните портали. Во 1602 г. на црквата и' е додаден метох, во кој од 1844 г. се наоѓа државниот архив во Палермо.