
Црквата "Свети Николај" е една од најстарите православни цркви, не само во Брашов, но и цела Трансилванија. Храмот првично е изграден од дрвен материјал во 1392 ., но во 1495 г. дрвената конструкција е заменета со камена и е претворена во архитектурно ремек-дело, во кој смели се искомбинирани карактеристични византиски, барокни и готски елементи. Во 1739 г. таа е обновена, кога кон неа е изградена часовникова кула. Слично како и многу други средновековни цркви, “Свети Николај“ е заобиколена од висока заштитна тврдина, која има здрави дрвени порти. Во убавиот дворец се наоѓа старо гробиште, а зад неа се наоѓа првото романско училиште, чијашто зграда денес е пртворена во музеј.