
Челе кула (или Кулата со черепите) е изградена во 1809 г. по заповед на султан Махмуд II. Во ѕидот се вградени черепите на над 900 срби, убиени за време на Првото српско востание, вклучително на нивниот командир Стефан Синџелич. Кулата е подигната на тогашниот најжив и најважен пат во градот - Цариградскиот друм, за да биде видена од секој го кој минува - како поука што се случува со бунтовниците против власта на султанот. До ослободувањето на Ниш во 1878 г., ѕидовите со черепи биле поставени на отворено, а потоа се вклучени во градбата со поклонатиот параклис.