Туристичка агенција "Бохемија" ДООЕЛ е туроператор и туристички агент, специјализиран во организацијата на културен туризам , одмори, организација на конгреси и семинари и патнички услуги.
Деловните патувања и корпоративните клиенти обезбедуваат главен удел во работата на агенцијата и затоа корпоративната услуга за корисници е приоритет во нашиот бизнис. Традицијата што ја создадовме при организација на деловни патувања кај корпоративните клиенти ни дава поттик и понатаму да нудиме квалитетна услуга.
УСЛУГИ – Бохемиа како туристичка агенција им нуди на своите клиенти широк спектар на услуги:
целосна организација на семинари, конференции или службени патувања за саеми, фестивал или друг настан во земјата и странство;
комплексни услуги за вашите гости - трансфери, хотели, авионски билети, рент а кар; асистенција, водичи, знаменитости, осигурување, туристички информации и консултации на популарните европски јазици;
авионски билети за сите авиокомпании;
авионски чартери;
ВИП услуга на аеродром,
рент а кар;
автобуски билети;
автобуски превоз;
билети за траект;
хотелски резервации во повеќе од 150.000 хотели ширум светот;
асистенција при вадење визи;
туристички водичи на популарни европски јазици;
сите видови патничко осигурување за вашите вработени;
планирање и избор на оптимални опции за рекреација на вашите вработени.
Професионално обучените вработени во компанијата ќе ви помогнат да го испланирате своето деловно патување и да ја оптимизирате вашата избрана маршрута.
ВНИМАНИЕ КОН КЛИЕНТИ - Нашата примарна задача е да ве разбереме правилно. Откако сме утврдиле во детали кои се Вашите потреби и желби, ние ќе бидеме во можност да ви понудиме оптимален како вредност, содржина и квалитет пакет на услуги. Ваш личен менаџер ќе биде одговорен за вашата услуга. Тој ќе биде во тек со сите прашања и барања што ги имате поставено така што нема да морате да ги разгледувате по втор пат. Вашиот личен менаџер ќе се грижи за размена на актуелни информации со вас, ажурно ќе ја води документацијата во однос на услугите.
Професионализам - Наша примарна цел при корпоративна услуга е одржувањето на висок квалитет на услугите при попусти од 5 до 15% за различни услуги. Ние сме во можност да разработиме ефективна политика на деловни патувања во која ќе се одразат индивидуалните карактеристики на Вашата компанија.
ОПЕРАТИВНА РАБОТА - Секогаш ќе располагате со актуелна информација сите области на нашиот бизнис. Нашите клиенти добиваат навремени информации за сите промоции и специјални цени од наша страна и од нашите партнери и подизведувачи. На сите корпоративни клиенти кои потпишале договор за корпоративна услуга се нуди:
Исклучителна брзина на услуга;
лична одговорност;
целосен спектар од услуги по претходна организација и реализација на патување;
прифаќање и потврдување на нарачката во форма која ќе ја одредите - телефон, факс, електронска пошта;
сите законски форми на плаќање;
систем на попусти и посебни тарифи;
бесплатни консултации од страна на специјалисти за сите прашања од областа на туризмот;
бесплатна испорака на патни документи до вашата канцеларија.
ПОСЕБНИ КОРПОРАТИВНИ ЦЕНИ - При склучување на договор за корпоративно услуга ви нудиме попусти за поединечни услуги од 3 до 9% и од 5 до 15% за туристички пакети. Конкретни информации за големината и видот на попустите може да се дискутираат на состанок во погодно време во нашата или Вачата канцеларија.